Друштвото за трговија, услуги и градежништво БАУТЕК ДОО увоз - извоз Скопје е основано Април 2010 година. Компанијата е основана со цел новите трендови во светската технологија во однос на печатениот бетон да се приближат до македонскиот пазар. Сето она што е новина во однос на печатениот бетон, БАУТЕК како специјализирана компанија за изведба на печатен бетон, се обидува да го донесе на македонск
иот пазар и секако да го реализира. БАУТЕК е единствен и генерален застапник на грчката компанија Borovas Group SA и компанијата STONECRETE.. Материјалите со кои се работи и кои се користат при изведба на печатениот бетон се висококвалитетни. Постојано се работи на обучување и усовршување на кадарот кој е директно вклучен во изведбата на печатениот бетон.
Декоративниот печатен бетон како основа ја користи свежата бетонска маса, која по обработката со специјалните бои и печати добива архитектонско декоративен ефект со карактеристичен релјеф и боја. Со комбинација на голем број бои, текстури, форми и дезени се оплеменува бетонската површина при што на околината се остава класичен, модерен или современ печат поблизок до природата и желбите на човекот.
Традиционалните системи за поплочување во досегашната употреба се покажале како доста проблематични при одржувањето, трајноста, начинот и времетраењето на изведбата, цената и сл. Печатениот бетон со специфичната обработка, материјалите кои се употребуваат при неговата изведба како и монолитноста на обработената површина, ги елиминира недостатоците на досега употребуваните системи за завршна обработка на подните површини. За предности на печатениот бетон се сметаат: брзината на изведба, монолитноста на обработената површина, зголемена отпорност на абење, отпорноста на абсорпција на вода, масла и масти, отпорност на големи температурни разлики, мраз, атмосферски влијанија и др.
Токму овие предности и поволни физичко - механички карактеристики, го прават печатениот бетон погоден за декоративна завршна обработка на надворешни и внатрешни подни површини. Печатениот бетон се препорачува за завршна декоративна обработка на: тротоари, плоштади, улици, паркинзи, индивидуални дворишта, пристапни рампи, ресторани, кафе барови, тераси, базени за пливање, шопинг центри, историски објекти и сл.
Печатениот бетон може да се користи на постоечка бетонска подлога со претходно нанесување на специјален STYLE OVERLAY систем со дебелина од 7мм до 25мм.