ПроТерм - Регионален Центар за ЕЕ и ОИЕ

ПроТерм - Регионален Центар за ЕЕ и ОИЕ Советувања, Мерење и Контрола, Проектирање, Финасирање

Енергетска Ефикасност (ЕЕ)– намалување на трошоците за потрошена енергија без да намалува комфорот и условите за живот и работа во даден објект.

Обновливи Извори на Енергија (ОИЕ) – извори на енергија кои природата сама ги обновува. Природата всушност самата ги обновува сите извори на енергија, но поради различниот период на времетраење се делат во неколку групи.

- Фосилни Горива, нафта

та, јагленот и земјениот гас, се горива кои за да ги создаде природата, биле потребни стотици милиони години. Овие горива спаѓаат во категоријата на високо калорични горива и земаат огромен замав на користење во втората половина на 19 век. За жал научниците дури на почетокот на 20 век доаѓаат до сознание дека овие горива при процесот на согорување испуштаат премногу штетни соединенија на јаглеродот во атмосферата, кои негативно влијаат врз човекот, односно воопшто кон природата и балансот на гасови во воздухот. Фосилните горива се карактеризираат со висока цена на чинење и висока цена на одржување на опремата за согорување, висока количина на штетни материи во атмосферата.

- Дрвото е гориво кое природата го обновува за период 20-30 години, но и тоа при согорување испушта штетни гасови во атмосферата. Во последно време научниците се трудат да развијат хибридни видови на дрво, кое ќе расте за период од 5-10 години, а во атмосфера ќе ослободува помала количина на штетни гасови. Дрвото се карактеризира со прифатлива цена на чинење, но премогу физичка работа, прифатлива цена на одржување и прифатлива количина на штетни материи во атмосферата.

- Сонцето, Водата, Воздухот се енергија која природата ја обновува секојдневно односно може да се рече дека Сонцето се обновува секојдневно, а Водата и Воздухот се енергии кои се во континуитет во секој момент. Ги имаме во изобилство насекаде околу нас, немаат цена на чинење, и не ослободуваат никакви штетни материи во атмосферата. Се карактеризираат со висока почетна инвестиција на опремата за трансформирање на нивната енергијата во енергијата која ни е нам потребна и ниски трошоци за одржување на истата.

Address

15-ти Корпус бб, комплекс Езерка
Akhris
6000

Opening Hours

Monday 08:00 - 15:00
Tuesday 08:00 - 15:00
Wednesday 08:00 - 15:00
Thursday 08:00 - 15:00
Friday 08:00 - 15:00
Saturday 09:00 - 15:00

Telephone

+38970212950

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПроТерм - Регионален Центар за ЕЕ и ОИЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ПроТерм - Регионален Центар за ЕЕ и ОИЕ:

Share