23/10/2024
Вертикални завеси ,ден и ноќ'..
Вертикалните зебра завеси или попознати како ден-ноќ завеси се направени од двослојно, пругасто и нетранспарентно платно, кое се движи вертикално со механизам. Платната се ротираат, деловите се преклопуваат, па ако сакате проток на светлина, тогаш завесите се ставаат во позиција каде што проѕирните делови се преклопуваат, а кога сакате целосно затемнување, нетранспарентните делови се поставуваат во низа и светлината не продира.
Ден и ноќ завесите доаѓаат во многу димензии и бои. Иако се едноставни и елегантни, постојат безброј опции за стајлинг. Гарантираме дека во нашата богата понуда ќе го најдете тоа што ви одговара и дека заедно ќе направиме добитна комбинација. Вертикалните зебра завеси се вклопуваат во сите видови на ентериери, а постои можност и за вградување на крилото на прозорецот, ѕидот или таванот.