Vitaminka

Call Directions Website

Vitaminka Официјална Facebook страна на Витаминка Прилеп.

Витаминка во своето 60 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти.

Успешната приказна на Витаминка започна пред 60 години. Во 1956 година во Прилеп е основана како компанија за црвен мелен пипер. Производство на само еден производен асортиман беше доволно за цели 18 години успешно работење, се до 1974 година.

Амбицијата на тимот што застана позади Витаминка придонесе за остварување и реализирање на зацртаната идеја – компанијата да го зголеми својот производен капацитет. Од фабрика за производство на мелен црвен пипер, Витаминка со новата бизнис стратегија започна да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во компанија лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Со зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, паралелно и интензивно растеше и присуство на странските пазари каде што моментално пласира околу 45% од своето годишно производство во околу 30 земји во светот.

Денес Витаминка претставува голем македонски бренд во деловниот свет и компанија зад која стојат исто така голем број познати и изградени брендови. Својата лидерска позиција на домашниот пазар ја аргументира со добро изграден корпоративен бренд кој се поистоветува со национална вредност, врвен квалитет и традиција. Под слоганот на компанијата „Свет на вкусови" се наоѓа широката палета на производи од околу 350 типови на пакувања. Тоа вклучува производство на различни вкусови (слатки, солени, кисели и лути) во форми на ужина, чоколади, десерти и бонбони, голем избор на пудинзи, пастеризирани производи, кечап, мајонез и различни сосови, вкусни супи и други додатоци за храна, како и бројни инстант производи, сирупи и филтер чаеви. Највпечатливи и најпознати брендови на Витаминка се популарните и вонвременски Стоби Флипс – идеална ужина за сите генерации во секоја пригода и во секој дел од денот, инстант витаминскиот пијалак Цевитана и Атлантис - чоколадните морски школки со уникатен и квалитетен вкус.

Со тек на времето низ сите овие 60 години постоење и пропратно следење на стандардите, условите и потребите, Витаминка стана една од најсилните македонски компании и преставува вистински репрезент на квалитетни прехранбени производи. Покрај позитивниот импакт во националната економија, не помалку важно е значењето на Витаминка во унапредувањето на локалната економија преку големиот број вработени и дополнителниот синџир на соработници.

23/10/2026

Кога традицијата и префинетиот вкус ќе се сретнат во вашиот двор.
Секое парче домашен леб станува кулинарско уметничко дело кога за подлога го користиме богатиот вкус на ВИТАНЕЗ. Една од тајните на Витаминка, веќе 70 години!

Претставници на Витаминка од секторите Развој, Набавка и QA учествуваат на PPWR Factory Ex*****on Forum 2026 во Дизелдор...
22/10/2026

Претставници на Витаминка од секторите Развој, Набавка и QA учествуваат на PPWR Factory Ex*****on Forum 2026 во Дизелдорф, Германија, со фокус на новите европски барања и практичните решенија за одржливо пакување. 🌱

Со следење на европските трендови и индустриските практики, Витаминка работи на навремена подготовка за регулаторните промени и одржлив развој.

Прочитајте повеќе на следниот линк 👉
https://vitaminka.company/en/vitaminka-na-ppwr-factory-execution-forum-2026-vo-dizeldorf/

Најдоброто кафе е она што се пие во добро друштво, а најслаткиот разговор започнува со неодоливите чоколадни школки АТЛА...
21/10/2026

Најдоброто кафе е она што се пие во добро друштво, а најслаткиот разговор започнува со неодоливите чоколадни школки АТЛАНТИС! Познато ви е ова, нели?

СТОБИ ФЛИПС СО НОВ ИЗГЛЕД И ИСТИОТ ПРЕПОЗНАТЛИВ ВКУС!По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс добива редизај...
19/10/2026

СТОБИ ФЛИПС СО НОВ ИЗГЛЕД И ИСТИОТ ПРЕПОЗНАТЛИВ ВКУС!

По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи останува непроменет.

Прочитајте повеќе на следниот линк ⬇️

По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што

Има денови кога сè што ти треба е едноставна, а совршено вкусна закуска. Свеж леб, сочни парчиња домат, малку сирење и о...
19/10/2026

Има денови кога сè што ти треба е едноставна, а совршено вкусна закуска. Свеж леб, сочни парчиња домат, малку сирење и оној богат кремаст вкус на мајонезот ВИТАНЕЗ што сè поврзува во една целина!

🏃‍♀️ Витаминка на „Че трчаме“ во Прилеп! 💙Како поддржувач на спортот и активниот начин на живот, Витаминка беше дел од т...
18/10/2026

🏃‍♀️ Витаминка на „Че трчаме“ во Прилеп! 💙

Како поддржувач на спортот и активниот начин на живот, Витаминка беше дел од трката „Че трчаме“ во Прилеп, како спонзор на настанот, но и со своја трчачка екипа која се натпреваруваше на патеките од 5 и 10 км.

🥈 Посебно сме горди на нашата женска екипа, која освои 2. место во тимска конкуренција во женска категорија на 10 км!

Честитки за сите учесници! Продолжуваме заедно да го поддржуваме спортот, тимскиот дух и здравите животни навики! 💪🏃‍♀️

#Витаминка #ЧеТрчаме #Прилеп #Трчање #ТимскиДух

Што прво вадиш од ранецот кога ќе заѕвони за голем одмор?✨ Влези во сладок луп секогаш кога имаш потреба од слатко задов...
21/09/2026

Што прво вадиш од ранецот кога ќе заѕвони за голем одмор?✨ Влези во сладок луп секогаш кога имаш потреба од слатко задоволство за повеќе енергија! 🍓🩷

Ранецот е спремен, а чоколадната ужинка е на своето место! 🍫😋Секоја нова задача е полесна кога имаш вистинска поддршка з...
17/09/2026

Ранецот е спремен, а чоколадната ужинка е на своето место! 🍫😋
Секоја нова задача е полесна кога имаш вистинска поддршка за големиот одмор. ✏️💪✨

CakeUp! Brownie 🤎 – сочен чоколаден вкус што секој училиштен ранец мора да го има!😍

🌶️🍂 Мирисот на свежо испржен ајвар што се шири низ домот е знак дека есента е официјално тука! Секоја куќа има свој таен...
15/09/2026

🌶️🍂 Мирисот на свежо испржен ајвар што се шири низ домот е знак дека есента е официјално тука!
Секоја куќа има свој таен рецепт за совршен ајвар, но сите се согласуваат во едно: вистинскиот вкус бара трпение, мајсторство и состојки во кои имаме доверба со генерации. 👩‍🍳✨
БРИЛИЈАНТ ☀️ – сончогледово масло што совршено ги соединува сите вкусови и секој ајвар го прави навистина посебен!

10/09/2026

🥒🌶️ Од крцкава туршија и сочен пинџур, па сѐ до класичен ајвар и кисели краставички. 🫑🍅 Секој рецепт започнува со внимателно одбран зеленчук, свеж и полн со вкус. 🌱✨ За другото ќе се погрижи првиот избор кога се прави зимница – сончогледовото масло БРИЛИЈАНТ! ☀️

Address

Lece Koteski 23
Prilep
7503

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vitaminka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share