26/05/2026
Горди сме што сме дел од глобалната индустриска заедница и што македонска компанија има свој глас на една професионална меѓународна сцена.
🇩🇪 🇲🇰 🇪🇺
Традиционално, нашиот тим и оваа година беше дел од CWIEME Berlin — најзначајниот светски настан за coil winding, електроиндустријата и инженерските технологии.
Имавме можност да се сретнеме со долгогодишни партнери, да размениме идеи и да отвориме нови можности за соработка.
Особена чест за нас беше што, на 30-годишниот јубилеј на овој престижен настан, Евгенија Ангеловска, една од нашите извршни директори, беше дел од панел-дискусијата „How Engineering Leadership is Evolving“, каде се разговараше за иднината на инженерското лидерство, промените во индустријата и новите перспективи во современиот менаџмент.