08/05/2026
✨ 18 години посветеност, искуство и заеднички успеси. Среќно пензионирање на нашиот колега Добре. 🌟
Низ годините, Добре беше дел од растот и развојот на Микросам, придонесувајќи со својата работа, одговорност и тимски дух. Ваквите моменти се посебни за нас, затоа што покажуваат дека Микросам не е само место за работа, туку место каде што се градат долгорочни професионални приказни, доверба и заеднички вредности. 🙌
Драг Добре, ти благодариме за твојот придонес и за сите години поминати како дел од нашиот тим. Ти посакуваме многу здравје, среќа и убави моменти во новото поглавје што следува. 💙
Среќно и уживај во заслужениот одмор! 👏