Претпријатието за производство и изведување на PVC и алуминиумска градежна столарија АЛКОПЛАСТ на македонскиот пазар е присутен од 2012 година.
Посветеноста кон квалитетот, инсистирањето и до најситните детали да бидат задоволени желбите на клиентите и постојаното следење на најновите технолошки достигнувања во индустријата на градежни материјали, придонесе компанијата да воспостави соработка со
најеминентни европски компании производители на PVC и алуминиумски профили и производители на дополнителна опрема за градежната столарија.
Дел од бизнис ангажманот на АЛКОПЛАСТ се и вариолајт ролетните, со што се заокружува програмата за градежна столарија, а на инвеститорите им дава можност на едно место да добијат максимално квалитетно решение.