„ЕКОФЛЕШ ПРО“ е докажан бренд во препаративната хемија кој во процесот на
производство користи најквалитетни суровини исклучиво од реномирани германски и англиски компании како што се „BASF” и „Stepan“. Нашите производи се еколошки, нетоксични, биоразградливи и при нивното користење немора да се практикуваат сложени заштитни и безбедносни мерки.
Располагаме со уникатни рецептури и патенти кои сп
оред квалитетот и својствата кои ги имаат, се разликуваат од многуте домашни производи, се на највисоко ниво како и странските брендови, а цените на производите се адаптирани за домашниот пазар и стандард.
Сите производи се лабораториски испитани во „Институтот за јавно здравје“ и истите успешно ги имаат поминато сите хемиски и микробиолошки испитувања, со што одговараат на „Правилникот за условите на здравствена и бактериолошкфа исправност“.
Во нашата програма за своите клиенти нудиме и „24/7 “ советодавна услуга како и соодветна обука на персоналот кој директно ќе ги користи нашите производи, пред се за да докажеме дека сме вистински професионалци кои не продаваат само производи за хигиена, туку вршат и целокупна логистика со цел да се задоволат оптимално Вашите потреби, да се извлече максимумот од производите и нивната потрошувачка да биде најекономична.
За секој производ кој ќе го користите добивате:
• Безбедносен лист (MSDS) со дефинирани НАССР принципи.
• Декларативни и технички листови со упатство за користење и дозирање.
• Упатства со илустрации и пиктограми за распоред на чистење по ХАСАП стандард.
• Елаборат: Обука за одржување на хигиена (средно ниво).