МЕМО ДООЕЛ Скопје

МЕМО ДООЕЛ Скопје Национален оператор на пазар на електрична - МЕМО ДООЕЛ Скопје

⚡️ Претставници на МЕМО ДООЕЛ Скопје учествуваат на деветтото издание на МЕФ 2026, водечкиот регионален енергетски форум...
02/06/2026

⚡️ Претставници на МЕМО ДООЕЛ Скопје учествуваат на деветтото издание на МЕФ 2026, водечкиот регионален енергетски форум што се одржува во Скопје под мотото „Унапредување на енергетската транзиција и климатската отпорност на патот кон COP31“.

Форумот ги обединува носителите на политики, енергетските компании, меѓународните организации и експертите од регионот и Европа, со фокус на енергетската транзиција, климатската отпорност и регионалната соработка.

МЕМО активно придонесува кон дискусиите за развојот и интеграцијата на регионалните пазари на електрична енергија и предизвиците што ги носи зелената транзиција. 🌍⚡️

⚡️📊 Податоци за количините на електрична енергија – aприл 2026На македонскиот пазар на електрична енергија беа реализира...
26/05/2026

⚡️📊 Податоци за количините на електрична енергија – aприл 2026

На македонскиот пазар на електрична енергија беа реализирани трансакции од 471 GWh домашно производство, додека нето-потрошувачката во државата изнесуваше 478 GWh.

🔹 ЕСМ – 253 GWh (53.6%)
🔹 Агрегатори – 105 GWh (22.4%)
🔹 Независни производители – 53 GWh (11.2%)
🔹 Производители со повластена тарифа – 60 GWh (12.8%)

✅ Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката, во април 2026 година изнесува 98.5%.

🔗 https://www.memo.mk/?p=265551

📖 Честит 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј! 📚Им оддаваме почит на основоположниците на словенската писменост и просв...
24/05/2026

📖 Честит 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј! 📚

Им оддаваме почит на основоположниците на словенската писменост и просвета, чие дело и денес нè инспирира да учиме, создаваме и напредуваме.

Нивното наследство останува траен симбол на знаењето, јазикот и културата.

⚡📊 Како функционира либерализираниот пазар на електрична енергија и зошто податоците се неговата најважна алка?Во третот...
22/05/2026

⚡📊 Како функционира либерализираниот пазар на електрична енергија и зошто податоците се неговата најважна алка?

Во третото издание на „МЕМО Инфо“, м-р Дејан Младеновски, раководител на пресметка на тарифа и отстапувања во МЕМО ДООЕЛ Скопје, објаснува како од регулаторна идентификација, преку балансна одговорност и мерни точки, до финансиско порамнување – податоците го движат современиот пазар на електрична енергија. 🔄⚙️

📈 Точноста, навременоста и интегритетот на податоците се клучни за сигурно снабдување, транспарентен пазар и доверба меѓу сите учесници.

🔗 Прочитајте повеќе.
https://www.memo.mk/?p=265444

#МЕМО #ЕлектричнаЕнергија #ПазарНаЕлектричнаЕнергија #Енергетика

21/05/2026
📍Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,  учествуваа на работилница в...
21/05/2026

📍Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, учествуваа на работилница во Белград на тема „Берзи на електрична енергија и промени: Пазарот во процес на трансформација“.

📈Фокусот на настанот беше ставен на регионалната пазарна интеграција, CBAM регулативата, market coupling процесите и предизвиците во трансформацијата на пазарите на електрична енергија.

✅️Честитки до организаторите за успешната организација на настанот и за отворањето на значајни теми кои придонесуваат кон развојот и интеграцијата на регионалните пазари на електрична енергија.

⚡ МЕМО стана полноправна членка на AIB!Со членството во Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Македонија прави значаен ...
20/05/2026

⚡ МЕМО стана полноправна членка на AIB!

Со членството во Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Македонија прави значаен чекор кон приклучување кон европскиот систем за гаранции за потекло на електрична енергија 🌍🔋

Тоа значи:
✅ Поголема транспарентност на пазарот
✅ Чекор кон европски признати зелени сертификати
✅ Нови можности за производителите и компаниите

Од април 2025 до денес, преку системот на МЕМО се издадени 500.000 гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори ⚡🌱

Со ова членство, македонскиот енергетски пазар продолжува да се усогласува со европските стандарди и практики 🤝

🔗 https://www.memo.mk/?p=265473

#МЕМО #Македонија #ОбновливиИзвори

Повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во април 2026 годинава произведоа 63.164 MWh ⚡💧 Од...
18/05/2026

Повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во април 2026 годинава произведоа 63.164 MWh ⚡

💧 Од 92 мали хидроцентрали: 40.995 MWh
☀️ Од 79 фотоволтаични електрани: 1.585 MWh
🌬️ Од 2 ветерни електрани: 19.184 MWh
🔥 Од 5 електрани на биогас и биомаса: 1.400 MWh

🔋 Учеството на електрична енергија од повластени производители од обновливи извори изнесува 12.59 %.

🌍 Обновлива енергија за одржлива иднина.

🔗 https://www.memo.mk/?p=265394

⚡️ МЕМО ДООЕЛ Скопје учествуваше на EMIF 2026 во Брисел: дискусија за CBAM и интеграцијата на електроенергетските пазари...
13/05/2026

⚡️ МЕМО ДООЕЛ Скопје учествуваше на EMIF 2026 во Брисел: дискусија за CBAM и интеграцијата на електроенергетските пазари

📍 Во Европскиот парламент во Брисел, во рамки на „Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија 2026“ (EMIF 2026), се одржа панел-дискусија посветена на предизвиците и можностите од интеграцијата на електроенергетските пазари во услови на воведување на Механизмот на ЕУ за прилагодување на границите на јаглеродот – CBAM.

🔹 На панелот учествуваше Zoran Gjorgjievski, генерален директор на МЕМО, заедно со високи претставници од европските и регионалните енергетски берзи и институции.

💬 Во своето обраќање, Ѓорѓиевски истакна дека зелената транзиција мора да биде праведна, постепена и економски одржлива, а побрзата интеграција на регионалните пазари е клучна за намалување на бариерите во трговијата со електрична енергија и зајакнување на енергетската стабилност.

⚙️ Дискусијата беше фокусирана на:
▪️ интеграцијата на регионалните пазари,
▪️ влијанието на CBAM врз ликвидноста и цените,
▪️ како и идните чекори кон единствениот европски пазар на електрична енергија.

🇲🇰 Македонија мора активно и навремено да се интегрира во европскиот енергетски пазар.

🔗 https://www.memo.mk/?p=265390

⚡️ МЕМО ДООЕЛ Скопје на Четвртиот Белградски енергетски форум – BEF 2026Делегација на МЕМО учествуваше на Четвртиот Белг...
11/05/2026

⚡️ МЕМО ДООЕЛ Скопје на Четвртиот Белградски енергетски форум – BEF 2026

Делегација на МЕМО учествуваше на Четвртиот Белградски енергетски форум (Belgrade Energy Forum), еден од најзначајните регионални настани во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа.

На панел-сесијата посветена на влијанието на CBAM врз регионалниот пазар на електрична енергија, генералниот директор Zoran Gjorgjievski истакна дека зелената транзиција мора да биде праведна, постепена и економски одржлива, без создавање дополнителни бариери за регионалните пазари.

📈 МЕМО бележи раст од 19% на Day-Ahead пазарот, додека неодамнешното пуштање во функција на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market) претставува значаен чекор кон управување со електричната енергија во реално време и подготовка за интеграција во единствениот европски пазар.

🤝 На форумот беше нагласена потребата од поголема регионална интеграција, market coupling и отстранување на бариерите во прекуграничното тргување со електрична енергија.

Форумот обедини повеќе од 400 учесници и над 50 говорници од регионот и Европа, потврдувајќи ја својата улога како клучна платформа за енергетската транзиција на Југоисточна Европа.

🔗 https://www.memo.mk/?p=265366

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 15:45
Tuesday 09:00 - 15:45
Wednesday 07:45 - 15:45
Thursday 07:45 - 15:45
Friday 07:45 - 15:45

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МЕМО ДООЕЛ Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category