Во своето 30 годишно постоење ГЕОИНГ МК изгради имиџ на високо специјализирана фирма која е експерт во геотехнички истражни и изведбени работи за слаби почви и како фирма која проектира и изведува проекти оптимални во екомонски смисол кои истовремено ги задоволуваат сите сигурносни и безбедносни критериуми, давајќи најдобри “value for money” технички-изведбени решенија во оваа дејност.
ГЕОИНГ МК
доо е семеен бизнис кој оперира 30 години во сферата на геотехнички и хидрогеолошки истражни работи и проектирање и изведба на заштити на длабоки градежни јами, санации на клизишта, изведба на потпорни тела и водоснабдителни бунари. Годишниот просечен обем во последните 3-4 години вклучува работа на 80-120 проекти годишно, со што во досегашната работа, ГЕОИНГ МК има изведено повеќе од 1,300 проекти од истражен и изведбен карактер.
Покрај истражните геотехнички работи ГЕОИНГ МК специјализира во сферата на подобрување на почви, како и темелења базирани врз чакалести или армирано-бетонски шипови.
Во 1999 година ГЕОИНГ МК изврши заштита на патентирани решенија за изведба на потпорни тела врз систем на едноредни и дворедни армирано-бетонски бунари и изведба на чакалести колови преку хидраулично збивање.
Компанијата е опремена со сопствени основни средства за вршење на дејноста кои вклучуваат 12 машински гранитури за бушење од различни типови, 3 модифицирани багери и соодветно едуциран и спремен техничко-инжинерски кадар за изведба на работите кои го сочинуваат core business-от на компанијата.
Области во кои ГЕОИНГ МК Ви нуди комплетна услуга:
1. ИСТРАЖНИ РАБОТИ
• Геофизички-геоелектрични истражни мерења
• Геомеханички и хидрогеолошки истражни работи со лабораторија
• Истражни работи за екологија, заштита на почвената животна средина, испитувањена загаденост и декохтаминација на почви и подземни води
• Мониторинг на слегнувања на објекти и поместувања на заштитни потпорни тела
• Изведба на теренски In-situ CRTu (Cone Penetration Test)
• Изведба на теренски опит со сеизмички дилатометар (SDMT)
• Употреба на геотехнички continuous core бушотини со употреба на метор wire-line
• Изведба на off-shore геотехнички истражни работи
2. ПРОЕКТИРАЊЕ
• Техничко – изведбени решенија (основни и изведбени проекти) за заштита на градежни јами,
• Техничко – изведбени решенија (основни и изведбени проекти) за санација на кпизишта и потпорни ѕидови;
• Специјални типови на фундирање со армирано-бетонски шипови, микрошипови, чакалести шипови, шпундови подгради, дијафрагми, анкери итн.
• Водоснабдителни бунари за индустриски, инфраструктурни и рурални потреби;
• Геотехнички инженеринг и консалтинг;
3. ИЗВЕДБА
• Заштита на градежни јами, санации на клизишта и потпорни зидови со методи на армирано-бетонски шипови, дијафрагми, шпундови подгради, анкери итн.
• Специjaлни фундирања на објекти преку употреба на армирано-бетонски шипови со дијаметар од 600-1,200мм
• Специјални фундирања на објекти преку употреба на шљунчани шипови со хидраулично збивање
• Специјални фундирања на објекти преку употреба на готови (pre-casted) бетонски, метални и дрвени колови преку метод на вибрационо набивање
• Длабоки цевасти и плитки бетонски пробни и експлоатациони бунари за водоснабдување на населени места, индустриски капацитети итн.
• Хоризонтални бушотини под патишта, насипи, железнички пруги итн.