SMS Construction користи современи, ефикасни и еколошки безбедни технолошки решенија.Нашето работење е сигурно, професионално и во согласност со меѓународните стандарди за управување. Нашите услуги се со највисок квалитет кој совршено одговараатна потребите на нашите клиенти, во исто време и се минимизира негативното влијание врз природната средина..
Основна дејност на друштвото е изведба на стан
бени објекти од доменот на колективно и индивидуално домување, деловни и индустриски објекти, по принцип од сопствено идејно решение до "клуч на рака". СМС Construction Скопје за своето идно работење поставува одредени стандарди на квалитетот на својот производ, без оглед дали станува збор за станбени, деловни или индивидуални станбени објекти.
Вработените, поточно менаџерскиот тим прецизно ги формира и остварува своите идејни замисли со визија за создавање на здрава и стабилна градежна компанија со амбиции за афирмација и надвор од границите на Р.Македонија.
Извршниот дел од управувањето го вршат лица со високостручна и виша стручна подготовка. Проектантскиот дел од задачите се извршува со висококфалификувани стручни лица – инженери. Самата изведба е предводена од работници пред се висококфалификувани и квалификувани мајстори за соодветни фази од градбата.