Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење

Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење, Heating, ventilating & air conditioning service, Skopje.

‼️ Не ги пропуштајте последните извештаи од проектот REPLACE. Повеќе информации за крајните резултати може да прочитате ...
16/06/2023

‼️ Не ги пропуштајте последните извештаи од проектот REPLACE.

Повеќе информации за крајните резултати може да прочитате подолу на линкот:

From November 2019 to April 2023, REPLACE supported households, but also intermediaries, politicians and investors in the transition from old and inefficient heating and cooling systems to climate-friendly solutions. At … Continue reading "Three synoptic reports published in the REPLACE project .....

Погледнете ги последните новости и резултати од проектот REPLACE од финалната конференција одржана во Брисел во периодот...
19/04/2023

Погледнете ги последните новости и резултати од проектот REPLACE од финалната конференција одржана во Брисел во периодот од 21-22.03.2023.

Повеќе информации се достапни во билтенот ⬇️

“keeping the heat on in times of crisis” was the motto of the REPLACE final conference in Brussels and online, 21. March 2023. The project has supported households in eight European countries to replace their inefficient heating and cooling systems with climate-friendly ones since 2019. During i...

Олеснување на реализацијата на иновативни модели за соработка помеѓу монтери и изведувачи на постројки Олеснувањето за р...
15/02/2023

Олеснување на реализацијата на иновативни модели за соработка помеѓу монтери и изведувачи на постројки

Олеснувањето за реализација на иновативни модели на соработка беше поддржано со тркалезна маса со важен придонес од релевантни клучни чинители. Оваа работилница беше организирана на 13 февруари 2023 година во Скопје со осум чинители. Концептот на работилницата вклучуваше презентација, тркалезна маса и интеракција со виртуелни белешки користејќи табли на ZOOM. Инсталатерите, енергетските претпријатија и услужните компании треба да се прилагодат на променливата законска и технолошка рамка за да ги развијат своите бизниси. Постои значителен потенцијал за компаниите да ги прошират своите деловни модели за да станат енергетско ефикасни изведувачи. Можностите за усвојување на ESCO модели во рамките на националното законодавство е значедн придонес за градење на капацитетите на засегнатите страни во однос на способноста да ги прошират нивните деловни модели. Со обезбедување на меѓународни и национални примери за најдобри практики, дискусијата на работилницата се одвиваше со цел да се идентификува областа со најголем бизнис потенцијал за овој пристап.

Овозможување на колективна акција за одржливо греење и ладење во КАГоП регионВо периодот март – јули 2022 година, предфи...
15/02/2023

Овозможување на колективна акција за одржливо греење и ладење во КАГоП регион

Во периодот март – јули 2022 година, предфизибилити студија за постоечка зграда која ја проценува економската оправданост на група станови кои колективно купуваат инвертер клима и фотоволтаици (ФВ) и дејствуваат како енергетска заедница која дели електрична енергија внатрешно. Студијата опфаќа многу детали, почнувајќи од развиена методологија и дефинирање на критериумите за избор на градба. Потоа следеше процесот на собирање податоци за избраната зграда. Дополнително, беа направени неколку анализи како што се анализа на ФВ систем со PVSOL, пресметка за замена на системите за греење со REPLACE калкулаторот и NPV и анализа на животната средина. Резултатите ги покажаа трошоците за производство на електрична енергија, CO2 и инвестиции со предложениот систем.

Со цел дисеминација на тие резултати и презентирање на студијата на случај, SDEWES-Скопје и локалната работна група од КАГоП регионот организираа семинар на 31 јануари 2023 година, како целодневен настан во Скопје. Вкупно 35 учесници беа присутни на овој настан, како што се претставници на јавниот сектор на владино и локално ниво, невладини организации, компании за продажба, сервис, монтирање на фотоволтаици, крајни корисници, академска заедница, итн. Настанот беше структуриран во три дела, првиот дел опфати 3 презентации, за декарбонизација на секторот за греење и ладење, колективни акции како катализатор на енергетската транзиција и колективна акција за сопствена потрошувачка во зграда со инсталирање на инвертери и фотоволтаици – студија на случај во Карпош. Во вториот дел беа претставени дигиталните алатки за обновливо греење и ладење, како и концептот за споделување енергија во заедниците на обновливи извори на енергија од европска перспектива. Настанот беше заокружен со панел дискусија со четворица панелисти и прашања и одговори од публиката.

Идентификација на добри практики на обновливи системи за греење кај домаќинства Оваа кампања опфати два најдобри практик...
15/02/2023

Идентификација на добри практики на обновливи системи за греење кај домаќинства

Оваа кампања опфати два најдобри практики на обновливи системи инсталирани во КАГоП регионот. Последните месеци од 2022 година, сопствениците на системите го поканија тимот на SDEWES-Скопје и енергетскиот консултант да ги покажат и објаснија нивните еколошки системи и придобивките што ги искусуваат. Првиот пример е топлинска пумпа воздух-вода од 4 kW и дистрибутивен систем со високи температурни радијатори во стан од 90м2 во новоизградена зграда. Вториот пример е куќа од 100 м2 со дистрибутивен систем кој се загрева со котел на пелети од 16 kW, со дополнителен вграден сончев колектор за санитарни потреби. И двата објекта имаат автоматизирани системи за регулирање, со кои лесно може да се ракува од далечина.

Резултатите беа дополнително дистрибуирани на настанот REPLACE организиран на почетокот на 2023 година со цел да се споделат добри практики меѓу поголема публика и да се поттикнат пошироки активности за замена на системи за греење во регионот.

Кампања „Офанзива за заштеда на енергија“ со годишно означување на котлите во КАГоП регионВо текот на изминатата година ...
15/02/2023

Кампања „Офанзива за заштеда на енергија“ со годишно означување на котлите во КАГоП регион

Во текот на изминатата година локалната работна група во КАГоП регионот идентификуваше потенцијални куќи кои користат неефикасен систем за греење. Со воспоставување на контактите, беа подготвени соодветни етикети заедно со прирачници и други материјали со цел да се поттикне замена на постоечкиот систем. Официјалната промоција на кампањата започна во јули и траеше до крајот на годината, со идентификација на 8 случаи во трите општини од регионот КАГоП (Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром). Посетите беа спроведени со енергетски контролер, кој на крајните корисници им ги објасни придобивките од замената на сегашниот, стар систем со еколошка алтернатива.

Системите во куќите што ги посетивме беа различни, но фокусот беше на котлите на нафта и електрични котли и греалки, како и стари печки на дрво, како технологиите за кои се верува дека немаат место како идни опции за греење.
Крајните корисници се запознаа со несаканите ефекти на нивниот сегашен систем и со најсоодветните опции за нивната конкретна средина. Воедно, тие изразија благодарност за ваквата иницијатива и силно охрабруваат повеќе слични акции преку директен, билатерален и посветен контакт, како што беше оваа конкретна активност организирана во рамките на проектот REPLACE.

Бидете во тек со најновите случувања во REPLACE регионите.Повеќе инфо на линкот: ⬇️
14/12/2022

Бидете во тек со најновите случувања во REPLACE регионите.
Повеќе инфо на линкот: ⬇️

climate change makes it necessary to switch from fossil to renewable heating and cooling systems. After all, we use half of the energy in Europe for heating and cooling. Two thirds of the installed heating systems are inefficient. At the same time, the motivation to switch systems is intensified by....

Во рамки на проектот REPLACE на 18.04.2022 во хотелот Александар Палас се одржа семинар за обука на инвеститори, проекта...
20/04/2022

Во рамки на проектот REPLACE на 18.04.2022 во хотелот Александар Палас се одржа семинар за обука на инвеститори, проектанти, изведувачи и презентација на REPLACE алатките.

По воведот во проектот REPLACE, детално беа презентирани материјалите за инвеститорите, проектантите и изведувачите, кои се добри практики за замена на старите системи за греење и како да се промовира одржливо греење. Воедно се направи и преглед на секторот за греење во Европската Унија, со истакнување на предностите на обновливото греење и ладење и кои алтернативи се достапни на светскиот и домашниот пазар.

На семинарот беа презентирани и REPLACE алатките, интерактивната матрица и REPLACE калкулаторот, со помош на кој се прави објективна споредба на системите за греење во постојните објекти и нивна соодветна замена. Поради се поголемата употреба на клима уредите – (инвертери) како актуелна технологија во домаќинствата, беше презентиран и „Калкулаторот за инвертери“. Овие алатки треба да им послужат на корисниците, да се одлучат за подобри економско исплатливи и енергетско – ефикасни решенија, при изборот за греење и ладење на својот дом.

Учесниците активно се вклучија во дискусијата и дадоа релеватни коментари за подобрување на алатките и можности за поголема промоција на материјалите.

Со цел да се поддржат потрошувачите да го направат вистинскиот избор за замена со нов и климатски прифатлив систем за гр...
11/04/2022

Со цел да се поддржат потрошувачите да го направат вистинскиот избор за замена со нов и климатски прифатлив систем за греење, во КАГоП регионот беше спроведена кампања за изработка на техно-економски студии.

Оваа кампања ја изведе SDEWES-Скопје врз основа на онлајн интервју со сопствениците со користење на REPLACE калкулаторот. Деталите за вметнати параметри и пресметаните резултати за различните решенија за греење се достапни на македонски и англиски. Активноста започна во февруари, 2022 година, а досега се завршени седум техно-економски студии.

Повеќето од сегашните системи што се инсталирани се печки на дрва или директно електрично греење, а предложените нови системи се или топлински пумпи (воздух-вода, вода-вода) или котли на пелети, кои се соодветни алтернативи во однос на регионот.

Последниот од серијата вебинари кои беа дел од кампањите на REPLACE беше организиран на 4 април 2022 година преку платфо...
11/04/2022

Последниот од серијата вебинари кои беа дел од кампањите на REPLACE беше организиран на 4 април 2022 година преку платформата ZOOM со 24 клучни чинители.

Темите кои беа опфатени во првиот дел од вебинарот беа „REPLACE калкулаторот за замена на системи за греење“, интерактивна матрица за преглед за достапни технологии за греење согласно типо на објектот и локално адаптирана алатка за техно-економска пресметка на системи за греење.

Вториот дел од вебинарот беше посветен на дискусија преку алатката Padlet, која е веб-апликација која им овозможува на корисниците да објавуваат белешки на т.н дигитален ѕид. Главните прашања што беа покренати беа во однос на применливост на овие алатки и што може да се направи за да се подобрат алатките и како истите да се промовираат.

Потсетување на настанот одржан во рамките на проектот REPLACE на тема: Декарбонизација на топлинскиот секторЦелосниот на...
22/03/2022

Потсетување на настанот одржан во рамките на проектот REPLACE на тема: Декарбонизација на топлинскиот сектор

Целосниот настан може да го проследите на следниот линк:
▶️

Half of Europe’s energy consumption is used for heating or cooling. However, two thirds of the heating systems installed in Europe – that is 80 million units...

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Replace: Инфо-центар за ефикасно и одржливо греење и ладење:

Share