Паксон ДОО е инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање на HVAC - системи ( греење, вентилација, климатизација). ПАКСОН е партнер за Македонија на водечкиот светски бренд - јапонскиот производител на HVAC опрема, DAIKIN. Не случајно сме ориентирани на програмата на DAIKIN - енергетски високоефикасни и
технолошко напредни системи, бренд- кој 92 години е водечки во светот за HVAC системи. Наша цел е – задоволни купувачи со ниска потрошувачка на електрична енергија.
Паксон нуди широка палета на иновативни енергетски-ефикасни производи за резиденцијални, комерцијални и индустриски објекти. Асортиманот на производи вклучува:
- VRV системи
- Високо ефикасни водено ладени топлински пумпи (геотермални топлински пумпи)
- Инвертерски воздушно ладени топлински пумпи
- Вентилоконвектори во сите изведби
- Клима комори
- Daikin Alterma инвертерски топлински пумпи
- Сплит и мулти сплит системи инвертер технологија
- Прочистувачи на воздух
Вработува искусни машински и електро инженери како и висококвалификуван технички кадар за сервисирање и одржување на најсофистицирана опрема за климатизација, обучени и сертифицирани од Daikin и редовно присутни на обуките кои Daikin ги организира за различни типови на опрема.
Располага со сопствен тим за инсталирање на термотехнички инсталации, а по потреба дополнително ангажира и надворешни партнерски фирми.
Паксон поседува лиценци Б за проектирање и изведба на објекти од втора категорија.
Инженерскиот тим на Паксон поседува лиценци А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинство.
Ефикасноста и сигурноста се клуч кога станува збор за избор на решение за греење и ладење. Сите HVAC системи нашиот тим може да ги прилагоди на уникатните потреби за Вашиот дом или деловен простор.
Нашата Визија
Да бидеме водечка компанија за HVAC системи на територијата на Р. Македонија преку техничка експертиза и економични решенија.
Нашата Мисија
Квалитет во се што работиме. Преку партнерството со DAIKIN, одржување на програма за обуки, тимска работа, персонализирана услуга, иновативни-енергетски ефикасни технологии, дa обезбедиме – професионални решенија за нашите клиенти. Постојано се стремиме за намалување на трошоците за инсталација и услуги на нашите клиенти преку поефикасна изградба, соодветно одржување и иновативни и креативни решенија.
Нашите основни вредности
Силни технички знаење на сите нивоа во нашата компанија.
Тимска работа меѓу нашите клиенти и вработени.
Ажурирање со нови технологии, за ниска потрошувачка на енергија.