15/07/2026
☕ Ecotip, Jeronimo Coffee и Bluewater Ве покануваат на ексклузивен Coffee Masterclass – „Во потрага по совршената шолја кафе“.
Повеќето луѓе се задоволуваат со кафето што ќе им биде послужено.
Но, постојат луѓе кои никогаш не престануваат да ја бараат совршената шолја.
За нив кафето не е навика. Тоа е постојана потрага.
Патување што започнува на плантажите за кафе и продолжува низ изборот на зрното, печењето, мелењето, екстракцијата и знаењето на баристата.....сè до состојката која со децении беше најважната, а истовремено и најмалку контролираната.
Водата.
На овој Coffee Masterclass, Jerry Kaandorp ќе ја сподели својата лична приказна и ќе покаже како секој детал влијае врз вкусот на specialty coffee.
Без разлика дали сте сопственик на кафе бар, ресторан или хотел, професионален бариста или едноставно љубител на врвно кафе, ќе заминете со ново знаење и поинакво разбирање за тоа што навистина ја создава совршената шолја кафе.
📅 18.07.2026 (Сабота)
🕘 09:00 часот
📍 Jeronimo Specialty Coffee, Аеродром – Скопје
Бројот на места е ограничен.
Ве очекуваме!