14/08/2026
ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е водечка приватна компанија во областа на HVAC системите и овластен партнер на светски познатите брендови DAIKIN и CLIVET за Македонија. Повеќе од 16 години успешно нудиме комплетни решенија за проектирање, продажба, монтажа, сервис и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, реализирајќи проекти за станбени, деловни и индустриски објекти.
🚀Поради континуиран раст и проширување на кадарот, имаме потреба од професионална и технички компетентна личност за работната позицијa:
ЛИМАР
Потребни квалификации:
• Познавање на процесите во лимарското работење.
• Вештини за работа со алат и машини
• Способност за комуникација при превземање на задачите, разјаснување на детали и слично.
• Диплома од средно стручно или гимназиско образование
Искуство
• Пожелно е кандидатите да имаат работно искуство во областа на лимаријата, но не е задолжително.
• Добредојдени се и кандидати со предиспозии за работа во областа на лимарското производство, како и работа на терен
Вештини и способности:
• Координација со колегите
• Добри комуникациски и организациски способности
• Уредност и педантност при работењето
• Фокус на детали
Клучни лични карактеристики: Прецизна личност, посветеност кон точно и навремено завршување на задачите.
Ние нудиме:
• Конкурентна плата и дополнителни бонуси според учинокот
• Дополнително приватно здравствено осигурување
• Работно време од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса [email protected] (со назнака за работно место Производство)