23/04/2026
За да воспоставиме една одржлива економија на централно, но и на локално ниво, и да спроведеме вистински климатски политики, мораме да создадеме целосно одржлив енергетски систем. Ваквата транзиција отвора голема можност за остварување на енергетска демократија. Енергетските системи се создадени и дизајнирани во минатиот век како високо централизирани системи со top-down пристап. Како пример, нуклеарните централи се управуваат и раководат слично или исто како воените бази, додека ветерните турбини (ветерници) и соларните централи можат да бидат во сопственост на локални заедници како: села, населби, или поголема група граѓани која тие самите можат да ја управуваат. Фосилните горива како ресурс можат да се најдат само во одредени региони, па затоа бараат воспоставување на централизирани системи за производство и дистрибуција и ги доведуваат до голема енергетска зависност оние региони кои не поседуваат вакви ресурси. Спротивно на тоа, сончевата и ветерната енергија се достапни низ целиот свет. Ова овозможува создавање на децентрализирани и поврзани социо-економски системи кои се базираат на взаемна соработка – кооператива. Во современи услови, технолошкиот развој ни дава многу повеќе можности за еден децентрализиран енергетски систем, кој би бил организиран во демократски дух. Граѓанските кооперативи и локалната власт можат да одиграат една клучна улога за развој на јавно-граѓанско партнерство како форма на инвестиција и организација во енергетиката