Biodizel.mk

Biodizel.mk Tel: 078 252 922

www.biodizel.mk
(1)

Алтернативното гориво мора да биде технички соодветно, економски конкурентно, базирано на обновливи суровини, еколошки поволно и лесно достапно. Едно од тие горива е производ на хемиска модификација на растителни масла и животински масти преку реакција наречена трансестерификација со која глицеролот најчесто се заменува со метанолот, познато како биодизел. Биодизелот е биоразградлив, нетоксичен

и незапалив, поцелосно согорува поради присуството на кислород во структурата (10-11%) и има помала емисија на штетни гасови во споредба со горивата од минерално потекло.
Биодизелот е течно гориво произведено од растителни масла, или од користени масла и масти.

Биодизелот согорува доста чисто и потсетува на стандардниот дизел; се произведува од масло кое се добива од сончоглед, соја или маслодајна репка со помош на метанол и катализатор. Според хемискиот состав, мешавина е на метил естер од масни киселини. Ова гориво е обновлив извор на енергија, бидејќи се троши со онаа брзина со која се обновува.

Во различни региони од светот, во зависност од квалитетот на земјиштето и климатските и економските услови, за добивање на биодизел се користат разни суровини, а најчесто соино, сончогледово, масло од кикирики, и маслодајна репка. Со цел да се намалат трошоците за производство на биодизел, се повеќе се размислува на алтернативни суровини, како што се растителните масла кои не се наменети за јадење, како и користените масла и масти. Со естерификација на слободните масни киселини и со трансестерификација (алкохолиза) на глицеридот се добива смеса од естери на масни киселини, која има подобрени особини како гориво во однос на првичното растително масло. За овие реакции, покрај масло или масти, се користи и алкохол, а најчесто метанолот.

Биогоривата не бараат производство на нови автомобили, односно нов автомобилски мотор. Оваа компатибилност со постоечките мотори поттикна многу земји да се ориентираат кон биогоривото, уверени дека на тој начин ќе ја намалат потрошувачката на фосилни горива. Европската Унија си одреди како цел до 2015 година да користи дваесет проценти биодизел, што значи десетоструко зголемување на одгледувањето на маслодајни растенија.

Address

Skopje
1000

Products

Машини за Биодизел

Биодизел процесорите претставуваат комплетно професионално и достапно решение за производство на биодизел. Прилагодени се како за домашна, така и за полу-индустриска намена.

Комплетен систем

Биодизел процесорите претставуваат комплетен систем за процесирање на биодизел со дневен капацитет од 450-800лит/ден.

Издржлив, траен и водоотпорен систем

Процесорите се изработени од HDPE (Полиетилен со висока густина) кој им дава издржливост и трајност. За разлика од многу други материјали, HDPE нема никогаш да кородира.

Компактен и тивок

При работење, процесорите даваат многу мала бучава, т.е. скоро се нечујни. Кога ќе се земат во предвид и димензиите од се на се 48x48x140/180cm (шxдxв), Биодизелот е идеално решение за производство во домашни услови.

Лесен за употреба

Биодизел процесорите се испорачуваат со комплетно и детално упатство, кое новиот корисник го води чекор по чекор во запознавање на машината и процесот на производство. Исто така е обезбедена и пост-продажна поддршка за сите корисници на кои им е потребна додатна помош.

Вклучено:
* КОМПЛЕТЕН ФИЛТЕР ЗА СУВО ПЕРЕЊЕ НА БИОДИЗЕЛ

* ИСПОРАКА НА МАШИНАТА НА ВАША АДРЕСА - ПУШТАЊЕ ВО РАБОТА - ГАРАНЦИЈА 24 МЕСЕЦИ

biodiesel

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Biodizel.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Biodizel.mk:

Share

Category

Nearby engineering companies


Other Energy Companies in Skopje

Show All