АД ЕСМ

АД ЕСМ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from АД ЕСМ, Energy Company, 11 oktomvri 9, Skopje.

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои мож

ат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕСМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.
АД ЕСМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.

Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 96 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 800 МW произведуваме 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 530 MW, произведуваме 1.200 GW/h годишно електрична енергија. Само рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј даваат околу 80 отсто, додека хидроелектраните на АД ЕСМ произведуваат околу 16 отсто од вкупната електрична енергија од домашните капацитети.

Од сопствениот енергетски потенцијал на јаглен имаме 7 милиони тони годишно. Оттука, неслучајно АД ЕСМ важи за стратегиски најважна компанија - стожер на македонскиот електроенергетски систем.

Честит Илинден! Со почит кон минатото, ви го честитаме 2 Август – денот што нè обединува околу најважните вредности.Нека...
02/08/2026

Честит Илинден!

Со почит кон минатото, ви го честитаме 2 Август – денот што нè обединува околу најважните вредности.

Нека е вечна Македонија!

📊 Позитивен финансиски резултат и силна основа за понатамошен развој на АД ЕСМ.Финансискиот извештај за периодот јануари...
31/07/2026

📊 Позитивен финансиски резултат и силна основа за понатамошен развој на АД ЕСМ.

Финансискиот извештај за периодот јануари – јуни 2026 година ги потврдува резултатите од преземените мерки за консолидација, зголемување на домашното производство и оптимизација на работните процеси.

Во првата половина од годината, АД ЕСМ оствари:
✔️ Добивка пред оданочување од 449 милиони денари;
✔️ Добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) од 1,65 милијарди денари;
✔️ Зголемени приходи од продажба на електрична енергија и системски услуги;
✔️Намалени производствени трошоци преку баланс на производството на електрична енергија во ТЕ и купопродажба преку берзата;
✔️ Навремена отплата на кредитните обврски и обезбедена финансиска стабилност.

Позитивните резултати претставуваат значаен пресврт во работењето на компанијата и создаваат услови за нов инвестициски циклус. Средствата ќе бидат насочени кон развој на проекти за обновливи извори на енергија, модернизација на производните капацитети и обезбедување долгорочна енергетска стабилност на државата.

Во продолжение, погледнете ги клучните финансиски показатели и резултати прикажани во инфографикот. 👇

13/07/2026

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Sanja Bozhinovska ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕЦ „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови.

Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

Особено охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното.

„Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем“, рече Божиновска.

13/07/2026
🔵🟢Со визија за иднината и конкретни резултати, АД ЕСМ го одбележува Светскиот ден на енергетската независност. Преку мак...
10/07/2026

🔵🟢Со визија за иднината и конкретни резултати, АД ЕСМ го одбележува Светскиот ден на енергетската независност. Преку максимална оптимизација на сопствените капацитети и силен фокус на обновливите извори, компанијата во првото полугодие од 2026 година направи сериозен исчекор во производството на „зелена“ енергија. Овој напредок е потврден и преку бројките, па така производството од хидроелектраните е зголемено за дури 76 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека капацитетите кои ја користат енергијата на ветерот бележат пораст од околу 10 проценти. Овој нагорен тренд јасно покажа дека зеленото портфолио на АД ЕСМ игра клучна, системска улога во секојдневното задоволување на домашниот конзум.

🌊На почетокот на второто полугодие од годинава бележиме и висока исполнетост на акумулациите, која изнесува околу 80 отсто од вкупниот капацитет, што претставува значаен воден потенцијал. Овој ресурс се менаџира стратешки и се чува како сигурна резерва која ќе биде ставена во функција во периодите на највисока потрошувачка на електрична енергија, во текот на претстојната грејна сезона.

🌬️🌿За зајакнување на портфолиото на обновливи извори, со забрзана теренска динамика се работи на изградба на втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој веќе наредната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW. Паралелно, наскоро започнуваат и теренските активности за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека во напредна фаза се подготовките за реализација на ФЕ Битола 2 и ФЕ Битола 3. Дополнително, со силна динамика сме посветени кон развој на повеќе инвестициски проекти кои ќе придонесат кон почиста и енергетски независна иднина.

06/07/2026
🌊Како компанија која длабоко верува во општествената одговорност и во вистинската грижа за заедницата, АД ЕСМ, преку сво...
30/06/2026

🌊Како компанија која длабоко верува во општествената одговорност и во вистинската грижа за заедницата, АД ЕСМ, преку својата Подружница ХЕС „Црн Дрим“, и оваа година традиционално ја презема активноста за косење на ресите во градскиот дел на реката Црн Дрим. Иако, за нас ова не претставува законска обврска, водени од желбата за зачувување на автентичната убавина на Струга и чистата животна средина, веќе со години наназад целосно ја организираме и реализираме оваа акција.

📝По навремено спроведената тендерска постапка и изборот на специјализирана компанија за чистење на речното корито, активностите на терен официјално започнаа денес, а предвидено е комплетно да завршат најдоцна до петок, 3 јули.

🗓️Оваа динамика е целосно усогласена со досегашните позитивни практики. Имено, крајот на месец јуни е оптималниот период за ваков зафат, со што трајно се спречува пребрзото израснување на ресите во текот на претстојната ударна летна сезона.

🔵Грижата за реката продолжува и понатаму, па така, на крајот на октомври ХЕС „Црн Дрим“ ќе изврши уште едно, второ косење, со цел речното корито да биде чисто, уредено и подготвено за големиот верски празник Водици. Продолжуваме заеднички да го чуваме нашето најголемо природно богатство!

Назначен нов директор на Секторот за правни и општи работи на АД ЕСМНадзорниот одбор на АД ЕСМ го назначи м-р Никола Ѓош...
26/06/2026

Назначен нов директор на Секторот за правни и општи работи на АД ЕСМ

Надзорниот одбор на АД ЕСМ го назначи м-р Никола Ѓошевски за член на Управниог одбор и директор на Секторот за правни и општи работи.

М-р Ѓошевски е дипломиран правник и магистер по корпоративно право, со долгогодишно професионално искуство.
На оваа функција доаѓа од позицијата Заменик генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

На новоназначениот директор му посакуваме успешна работа, професионални достигнувања и успех во извршувањето на новите работни обврски.

⚡️ Денеска, Управниот одбор на АД ЕСМ е во работна посета на ХЕЦ „Вруток“ 💧, еден од клучните производствени капацитети ...
25/06/2026

⚡️ Денеска, Управниот одбор на АД ЕСМ е во работна посета на ХЕЦ „Вруток“ 💧, еден од клучните производствени капацитети во рамките на ХЕС Маврово и македонскиот електро-енергетски систем.

🎯 При посетата, се направи непосреден увид во тековната работа на електраната, реализацијата на планот за производство на електрична енергија, состојбата и потребите за континуирано одржување на постројките, како и разгледување на идните развојни активности и инвестиции.

📊 Реализираното производство во ХЕС Маврово заклучно со 24.06.2026 година изнесува 55% од годишниот план. Воедно, планираниот доток на вода за цела 2026 година, веќе заклучно со 24 јуни, 100% е достигнат - што е показател за исклучително поволните хидролошки услови.

📈 Согласно актуелните хидролошки показатели, очекувањата се дека ХЕС Маврово ќе има 120% реализација на годишниот план за производство на електрична енергија.

🔄 Посебен акцент за време на посетата е ставен и на третата фаза од проектот „Ревитализација на хидроелектраните“, со вкупна вредност од 47,3 милиони евра. Проектот предвидува модернизација и ревитализација на електро, машинската и хидромеханичката опрема, системите за мониторинг и придружната инфраструктура во хидроенергетските капацитети на АД ЕСМ, со цел продолжување на нивниот работен век, зголемување на сигурноста и подобрување на ефикасноста на производството.

🌱 Овие инвестиции ја зајакнуваат енергетската безбедност на државата, придонесуваат за поголемо домашно производство на електрична енергија и претставуваат значаен чекор во процесот на зелената енергетска транзиција.

🤝 Претставници на Светска банка, АД ЕСМ и раководството на Подружница РЕК Битола денес одржаа работна средба во Комбинат...
24/06/2026

🤝 Претставници на Светска банка, АД ЕСМ и раководството на Подружница РЕК Битола денес одржаа работна средба во Комбинатот, посветена на подготовката на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“.

💡 Преку грант од 2,4 милиони американски долари обезбеден од Светска банка ќе се реализираат подготвителните активности за изградба на новата централа и проширување на топловодната мрежа во Битола. Средствата ќе бидат искористени за изработка на клучни студии и ангажирање на меѓународни консултанти, со цел проектот да се реализира според највисоките светски стандарди.

📍 На средбата беше разгледана најсоодветната локација за изградба на идниот објект, при што беа анализирани техничките услови за поврзување со електроенергетската и топлификациската инфраструктура. Присутните извршија и теренска посета на потенцијалните локации.

🏗️⚡️ Со инвестиција проценета на над 200 милиони евра, „РЕК Битола 1“ ќе овозможи современо и ефикасно производство на електрична и топлинска енергија, значително намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и поголема енергетска сигурност за граѓаните и стопанството.🌍

♻️ Овој проект претставува една од најзначајните инвестиции во процесот на трансформација на македонскиот енергетски сектор и е важен дел од визијата на АД ЕСМ за зелена, чиста и одржлива енергетска иднина.

Address

11 Oktomvri 9
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when АД ЕСМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to АД ЕСМ:

Shortcuts

Share

Category