12/04/2022
Една од водечките компании во Македонија БАЛКАН ГРАДБА е специјализирана за поставување на цементни кошулици над бетонски подови и во зависност од конкретната површина и потребите на клиентот изработуваме цементни кошулици за индустриски подови, цементни кошулки за станбени објекти, за јавни установи, покриени или откриени тераси... Цементните кошулки од феро-бетон, во кој покрај големиот број адитиви се вградуваат и стаклени влакна за армирање на кошулицата се погодни за индустриски подови, подруми, работилници, машински хали, паркинг простори, складишта, товарно-истоварни рампи..., бидејќи се карактеризираат со исклучителна цврстина, отпорност од механички оштетувања и низок степен на порозност.
Сите видови бетонски кошулици БАЛКАН ГРАДБА ги изведува користејќи најквалитетни материјали лиценцирани со соодветни сертификати и врвна технологија, со што се постигнува висок квалитет. Компанијата располага со квалификуван и висококвалификуван тим од 20 вработени, специјални пумпи за мешање и транспорт на материјалот, како и таканаречени хеликоптер машини за набивање и финална обработка на цементните кошулици што се поставуваат.
БАЛКАН ГРАДБА на македонскиот градежен пазар е присутна од 2007 година и во досегашното работење се докажа како компанија која поставува нови стандарди во доменот на завршните работи во градежништвото. Соработуваме со сите позначајни градежни компании во Македонија, од кои би ги издвоиле ДВА БРАТА ГРАДИТЕЛИ, Сенатор ,Жикол, Адинг, Аполо Инженеринг, ПИР, Голден Арт, Олимпик, Мега –Акустик Инженеринг, Бока Ратон ,Карпош АД, Ројал Васе, Џевахир Скај Сити, Елена Лука, Баниса Иншаат и други.
БАЛКАН ГРАДБА зад себе остава успешни проекти и задоволни потрошувачи.Од многубројните проекти и објекти кои ги реализира БАЛКАН ГРАДБА ги издвојуваме Два Брата Градители ( Хиподром, Железара,Кисела Вода,Илинден) Сенатор (хотел Paint in Black Гевгелија), Џевахир Скај Сити, Систина болница, Ремедика, Филип II болница, Аква Парк Скопје, Телеком Арена- Градски Стадион, Елена Лука, Скопје Сити Мол, Европска очна болница, ТАВ- Аеродром Скопје ,Лимак, Филип Прима (Central Elite Residence Negotino) и многу други големи и помали објекти.