08/11/2024
Ipard Grantovi do 70% od vkupna investicija vo zemjodelie i ruralen turizam so solarni centrali
Tel; 078853334
ИПАРД МЕРКА7 “ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ”
Во продолжение на меилот се информации врзани за програмата :
ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:
Општи цели:
Општата цел на оваа мерка е во: поттикнување на вработување преку отворање нови работни места и одржување на постојните работни места; подигање на нивото на економска активност на руралните средини; подобрување на квалитетот на животот; и намалување на процесот на руралната депопулација.
Економскиот раст и диверзификацијата на земјоделските стопанствa се неопходни за развој на бизнисот, вработувањето и одржливиот развој во руралните средини, а со тоа придонесуваат за подобра територијална рамнотежа, и во економска и социјална смисла, преку директно зголемување на приходот на земјоделските стопанства. Мерката треба да ја подобри позицијата на земјоделците во синџирот на вредност.
Преку поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија, мерката придонесува за ублажување на климатските промени. Мерката исто така треба да им помогне на младите земјоделци кои сакаат да се диверзифицираат во нови економски активности, а сепак да го задржат земјоделското производството на фарма.
Приоритетни сектори :
Приоритетни сектори на мерка 7 од Ипард програма се инвестиции во :
· Алтернативно земјоделско производство;
· Преработка на алтернативни земјоделски производи (исклучени во мерка 1 и мерка 3) ;
· Производство на храна и пијалоци;
· Поддршка на занаетчиски активности;
· Поддршка на услуги за руралното население, само за следниве подсектори:
- Услуги за престој на нега (домови за стари лоца, за рехабилитација итн).
- Услуги за дневно згрижување на деца.
· Поддршка на услуги во земјоделството, само следниве подсектори:
- Воспоставување и унапредување на ветеринарни служби.
· Поддршка на рурален туризам.
ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ИМААТ СЛЕДНИТЕ СУБЈЕКТИ:
Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина;
· Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата;
· Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
· Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва;
· Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник на семејно земјоделско стопанство
· Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување. Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само доколку ги исполнат специфичните барања, односно ако тој/таа:
· поседува докажани професионални вештини и компетенции преку завршено средно образование или минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази) или стручна обука или друг професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност (за приоритени сектори 2,3,4,5,6,7 и 8);
· се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител,трговец поединец или правно лице во општината каде што се наоѓа руралната средина. Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија доколку тие ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС кои се сумирани во следната табела:
Напомена:
Согласно методологијата за пресметка на големина на субјект од наведената препорака, во предвид се земаат партнерските и поврзани субјекти на корисникот. Новоформираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина како што е предложено во техничкиот предлог проект/ деловниот план. Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА за 2021, 2022 и 2023 ГОДИНА ” издаден од Централен Регистар на Република Северна Македонија.
Задруга која е регистрирана во Централниот регистар .
Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот. Следниве видови на здружени правни лица можат да аплицираат и да ја користат доплнителната поддршка од оваа мерка:
- Задруга;
- Групи на производители и организации на производители признати како такви во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ;
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производиоснована од овластени претставници на семејно земјоделско стопанство запишано во Единствен регистар на земјоделски стопанства и
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од здружение на земјоделски производители. Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ПРЕДВИДЕНА СО МЕРКАТА
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) за оваа мерка не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка по поединечен проект изнесува 600.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ.
Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.
Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ) за целиот период на спроведувањето на Програмата. Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува до 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Овој процент на кофинансирање може да се зголеми до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија (ефикасна, повторна употреба на отпадни материјали). Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
ПОДОБНИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум) зачински и ароматични растенија;
Набавка на нова земјоделска механизација и опрема за алтернативно земјоделско производство;
Набавка на нови машини и опрема за преработка на алтернативни земоделски производи и пијалоци (не поддржани во мерките 1 и 3) и производство на храна.
Набавка на нови машини и опрема за занаетчиски активности.
Набавка на нови машини и опрема за услуги за земјоделско производство.
Набавка на нова опрема за рурален туризам.
Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет) како и пластеници/стакленици.
Работни операции и услуги.
Компјутерска опрема.
Набавка на специјализирани транспортни цистерни и приколки за суровини и производи.
Општи трошоци.
За се дополнително нашиот тим Ви стои на располагање