Единица за специјални задачи Тигар

Единица за специјални задачи Тигар Единицата за специјални задачи при МВР на РМ

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структу

ри, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.
Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија.

26/05/2026

Командантот на ПЕП Васко Стамевски Командантот на Лавовите Горан Стојков и Командантот на Тигрите Горан Здравковски 2001 - 2002 година

16/05/2026

Хероите имаат само датум на раѓање!
Пријатели!
Колеги!
Браќа!
Жарко Кузмановски
Горан Стојменовиќ
Ви благодариме!
Вечно ќе ве паметиме!

11/05/2026
10/05/2026

СПОДЕЛЕТЕ

Не смееме и нема никогаш да ве заборавиме!

Ненад Серафимовски (1987, с. Зубовце, Гостивар)
Жарко Кузмановски (1981, с. Брвеница, Тетово)
Горан Стојменовиќ (1970, с. Миладиновци, Скопје)

Ни недостигате ништо не е како порано без вас ни остана голема тага болка...ни фалите најмногу на вашите фамилии...
Вие го дадовте животот за Македонија,бевте пример и ќе останете пример за сите нас за вашите фамилии,вашите колеги,вашата единица.

Вечна ви Слава почивајте во мир

Овај текст е напишан за вас

Црниот гавран се разлета над Куманово
довека ке се памти тоа утро саботно.
Револвери,куршуми расфрлани на секаде
јунак до јунак кој од кој поголем!
Срце лавовско,срце јуначко
срце големо Македонско...
Прости им боже незнаат што прават на
предавниците што света земја ја газат.
Чувај ги боже нашите Херои,
чувај ги таму горе Ненад,Жарко,Горан...
и зекој еден што за земјава се бори
Слава и почит јунаци Македонски
9.5.2015 да не се повтори ниту да се заборави!

08/05/2026

Пред точно една година, ни зедоа се! Почивајте во мир!
Ви благодариме!
Вечна слава!

06/05/2026
04/05/2026

Гоце Делчев
4 февруари 1872 - 4 мај 1903

28/04/2026

На денешен ден пред точно 25 години кај тетовското село Вејце се случи најкрвавиот и најгрозоморниот масакр во поновата историја на Р. Македонија. Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.

Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце - тетовско, војниците и полицајците ХЕРОЈСКИ даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Вечно ќе се паметат и последните зборови на војниикот Илче Стојановски. Преку мобилниот телефон тој се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. При последното јавување, тој очајнички и беспомошно јави:

НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.

Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити, зашто до денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.

По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот биле живи запалени. Терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени и целосно изгорени.

Хероите од Вејце се:

Роберт Петковски (†27) од скопско Бунарџик
Игор Костески (†26) од Кисела Вода, Скопје
Миле Јаневски (†29) од Македонска Каменица
Бобан Трајковски (†28) од Куманово
Марјан Божиновски (†27) од битолско Горно Оризари
Илче Стојановски (†24) од битолско Породин
Бошко Најдовски (†25) од битолско Долно Оризари
Кире Костадиновски (†24) од битолско Горно Оризари

СЛАВА НА МАЧЕНИЦИТЕ ОД ВЕЈЦЕ!

26/04/2026

(Сеќавање на најмладиот бранител и херој во КУманово)
- НЕНАД СЕРАФИМОВСКИ (11.07.1987 - 09.05.2015)

Во акцијата на македонските безбедносни сили во Куманово, како припадник на специјалните единици на МВР, на 27 годишна возраст загина Ненад Серафимовски. Екс фудбалерот на Работнички, Вардар, Скопје, Хоризонт Т и Милано.

Македонскиот фудбал засекогаш ќе се сеќава на момчето кое своите први фудбалски чекори ги направи во ФК Вардар, потоа една полусезона играше за ФК Работнички. Подоцна кариерата го водеше низ ФК Скопје, ФК Хоризонт Т за да својата фудбалска кариера ја заврши во ФК Милано од Куманово. Судбината сакаше својот живот да го заврши токму во Куманово.

,,Хероите никогаш не умриаат, тие засекогаш остануваат во нашите срца!"

Споделете во чест на Ненад, на младото гостиварчанче, на младиот херој, на една чиста и невина душа, да не дозволиме да биде заборавено ова младо момче,споделете и лајкувајте ја сликата, нека се шири, нека ја видат сите македонци, нека се присетат за младиот херој на Македонија, кој не го жалеше својот живот за одбрана на таковината, за одбрана на суверенитетот и интигритетот на Македоонија, тој не го жалеше својот живот, за вие мили мои македонци, сограѓани да го дишете овој воздух, да бидете слободни.

СПОДЕЛЕТЕ ВО ЧЕСТ НА НАШИОТ ХРАБАР ,,ТИГАР"

Address

Kasarna Ilinden
Skopje
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Единица за специјални задачи Тигар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Единица за специјални задачи Тигар:

Share