03/06/2026
☀️ Утре сме на Соларниот Саем во Сити Мол!
Дојдете да ги погледнете најновите соларни решенија од Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар, да добиете стручен совет и да дознаете како сончевата енергија може да ги намали вашите трошоци за електрична енергија.
📍 Сити Мол Скопје
🕒 Ве очекуваме!
СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО 2026 во Скопје Сити Мол: Четири дена посветени на соларна енергија, субвенции и нови технологии
Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол по четврти пат го организираат СОЛАРНИОТ САЕМ - МАКСОЛ ЕКСПО, кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Скопје Сити Мол.
Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.
Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна опрема, фотонапонски панели, батерии за складирање електрична енергија, топлински пумпи, фото-термални колектори за производство на електрична енергија и топла вода, громобранска заштита, инвертори, роботи и машини за чистење на соларни колектори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди, полначи, соларни бојлери и друга современа соларна техника.
Новина на овогодинешното издание се два дополнителни сегменти, информации за субвенции и поволни кредитни линии преку GFF програмата, како и првиот „Инсталатерски ден“, наменет за вмрежување помеѓу компаниите-изложувачи и монтажерите.
Првиот ден од саемот, на 4 јуни, ќе биде организиран како „GFF ден“ посветен на субвенции, грантови и поволни кредитни линии за инвестиции во енергетски ефикасни решенија. Во рамки на програмата ќе се одржат презентации во Cineplexx, каде граѓаните ќе може да добијат практични информации за финансиските можности што ги нуди Green Finance Facility програмата.
Сите заинтересирани граѓани, компании и монтажери може да добијат дополнителни информации и навремено да си обезбедат место за презентација на 04.06.2026 на следната адреса.
Преку овие програми, одредени категории граѓани може да добијат и грант компонента како дел од кредитот, меѓу кои и млади до 35 години, повратници од странство, како и семејства каде жената е носител на приходите. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и навремено да се информираат за условите и можностите за финансирање.
Дополнително, на 6 јуни ќе се одржи и првиот „Инсталатерски ден“, исто така со презентации во Cineplexx, наменет специјално за монтажери, инсталатери и компании од секторот. Пријавата е наменета за членки и кандидати што поминале обука во Солар Македонија и сакаат да се вклучат во настанот, а место може да резервираат на [email protected] Целта е да се овозможи директно поврзување, размена на искуства и создавање нови партнерства помеѓу професионалците од индустријата.
Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол преку организацијата на СОЛАРНИОТ САЕМ - МАКСОЛ ЕКСПО ја потврдуваат својата заложба како општествено одговорни организации, посветени на промоција на обновливите извори на енергија, едукацијата, иновациите и одржливиот развој во Македонија.