Енекс Гроуп инженеринг нуди високо квалитетни, еколошки, енергетски производи и системски решенија за греење и ладење со топлински пумпи, загревање на топла вода со сончеви колектори, сончеви колектори за производство на струја и технологи за третман на вода.
Компанијата е официјален и екслузивен застапник на територијата на Македонија на австриските компании IDM Energiesysteme GmbH за топлински
пумпи и Sonnenkraft за соларни системи, BWT - Германија за третман на вода. IDM Energiesysteme повеќе од 40 години произведува врвни топлински пумпи со најдобар квалитет. Sonnnekraft e компанија специјалист за обновливи извори на енергија и производител на врвни решенија и компоненти, сончеви колектори за топла вода и греење, исто и сончеви колектори за производство на струја. BWT Best Water Technology Group веќе 30 години e европски лидер во технологиите за третман на вода.
Застапници сме исто така и на Кomfovent, Galletti, Actionclima, Cintropur.
Нашата мисија е да им понудиме на нашите клиенти сите овие врвни брендови и нивните еколошки производи и системски решенија со врвен квалитет за греење, ладење и производство на топла вода, со високо ефикасно користење на обновливи енергии.
Нашиот искусен тим на инженери нуди високо квалитетни услуги, техничка поддршка и обуки за нашите клиенти и соработници.