10/12/2025
🤖 Одржано предавањето „How to Build an AI Agent with LLMs: From Idea to Production“, во ко-организација на EuroCC MK и GDG Skopje.
🧑🏫 На 02 декември 2025 година, во просториите на Base42, Скопје, се одржа предавање на тема „How to Build an AI Agent with LLMs: From Idea to Production“, ко-организирано од EuroCC MK – Националниот центар за компетенции за високо-перформансни пресметувања и Google Developers Group Skopje. Настанот привлече голем интерес кај академската и индустриската заедница, што ја истакнува актуелноста на агентските системи и современите AI технологии.
💡 Предавач беше м-р Стефан Андонов, асистент и истражувач на ФИНКИ и член на Националниот центар за компетенции. Тој го претстави процесот на развој на AI агенти засновани на големи јазични модели (LLMs) – од иницијална идеја, преку избор на модел и архитектура, па сè до поставување на продукциски систем.
🧑🏫 Во предавањата беа вклучени теориски основи на големите јазични модели, агентските системи и софтверското инженерство потребно за развој на еден агентен систем, како и практичен дел (демо). Во практичниот дел беа демонстрирани примери на едноставен и комплексен агент – вклучувајќи и мулти-агентно сценарио со цел да автоматизира мануелен процес кој може да трае неколку часа и е составен од анализа на податоци, креирање визуализации и документи и планирање на состаноци со клиенти. Овие примери покажаа како AI агентите можат значително да го подобрат работниот тек и да го намалат оперативниот напор во различни индустрии.
🤖 Настанот претставува значаен придонес кон мисијата на EuroCC MK да овозможи ширење на знаење и развој на кадар во областите на HPC, машинско учење и напредни AI системи. Учесниците покажаа голем интерес за понатамошни активности, што ја потврдува важноста на континуирана едукација во оваа динамична технолошка област.
🔗 Повеќе информации и најави за идни настани се достапни на: https://www.hpc.mk/