Камел Солар е компанија која произведува високо квалитетни сончеви колектори, користејќи единствена, оригинална и современа “state of the art” технологија. Во производната програма Камел Солар нуди повеќе типови на колектори, и тоа вакуумски и плочести колектори во стандардно производство, како и иновативните фасадни и прозорски колектори и потполно нов производ на пазарот, плочести колектори
со бакарен регистер со внатрешна антикорозивна превлака, наменети за загревање на вода во базени, како и најнови типови на фотоволтаични термални хибридни колектори кои произведуваат и електрична и термална енергија.
Нашите производи се повеќе од високо функционални соларни термални колектори... Тие се одлично естетско решение кое моќе само да ги подобри крововите, фасадите, балконите...
Филозофијата на нашата компанија е многу едноствна: ние нудиме производи со врвен квалитет, и исклучително високи перформанси, и им овозможуваме на нашите клиенти да ја максимизираат добивката на топлинска енергија произведена со нашите колектори, а истовремено да остварат заштеди.
Благодарение на иновативната и оригинална технологија која Камел Солар ја поседува, уникатните апсорбери кои се користат во колекторите ги прави истите најконкурентни на пазарот. Имаме 10 годишна гаранција на колекторите и SolarKeyMark сертификацијата направена по светски стандарди, што го потврдува квалитетот и сигурноста на производите. професионалност.
Задоволството на корисниците е секогаш мотивација повеќе Камел Солар да ги усовршува своите производи и секогаш да биде на највисоко професионално ниво. Од таа причина, тимот на Камел Солар е целосно постеветен кон технолошкиот развој, иновативноста и употребата на највисока технологија во секој дел од производството и услугите од Камел Солар.