24/07/2015
Американската вселенска агенција (НАСА) потврди на вчерашната прес конференција дека пронашла планета налик на Земјата на која се претпоставува дека би можело да се живее
Новооткриената планета, наречена Кеплер-452б, се наоѓа во соѕвездието Лебед, а е оддалечена од Земјата 1400 светлосни години. Нејзиното постоење е забележано благодарение на телескопот Кеплер лансиран во 2009 година со цел проучување на разновидни планетарни системи во галаксијата Млечен пат. Планетата Кеплер-452б во пречинот е поголема од Земјата за 60 отсто, а иако се уште не се откриени карактеристиките на нејзиниот состав, научниците сметаат дека станува збор за карпеста планета. Потребни и се 385 дена за да обиколи цел круг околу својата ѕвезда, од која е само 5 отсто пооддалечена одошто Земјата од Сонцето. Ова небеско тело има иста температура како Земјата, но е 20 пати поосветлена од неа. Кеплер-425б го сметаме за постар и поголем роднина на Земјата. Станува збор за планета најслична на Земјата, изјави Џон Гринсфилд од Директоратот за научни мисии на НАСА во Вашингтон. Станува збор за најмалата досега пронајдена планета во „зоната погодна живот“, односно во зоната во која е можно на површината на планетата да се појави вода во течен облик. Кеплер-452б е стара околу 6 милијарди години (околу милијарда и половина постара од Сонцето), а поради сличната позиција, ротацијата околу ѕвезда и умерените услови не е исклучено тука се појавиле вонземски форми на живот. Ако Кеплер-425б навистина е карпеста планета, нејзината положба во однос на нејзината ѕвезда би можела да значи дека во нејзината климатска историја веќе влегла во фазата на стаклена градина, изјави доктор Даг Калдвел, научник од Институтот за проучување на вонземска интелигенција (СЕТИ). Според него, можно е зголеменото зрачење на енергија од нејзиното сонце да ја загрева нејзината површина и да предизвикува испарување на океаните. Со тоа водата од планетата би можела неповратно да исчезне. Кеплер-452б би можело да помина низ она што нашата планета ја очекува по милијарда години, кога Сонцето ќе остаре и ќе почне да расте, заклучува Калдвел. Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени во списанието „Astrophysical Journal“.
NASA's Kepler mission has confirmed the first near-Earth-size planet in the “habitable zone” around a sun-like star. This discovery and the introduction of 11 other new small habitable zone candidate planets mark another milestone in the journey to finding another “Earth.”