,,Работата е љубов која станала видлива...” – Калил Гибран
Основана во 1998 година, ЏОВИ КОМПАНИ e фирма која се занимава со Градежништво и услуги во градежништвотo.
Нашите почетоци, главно бележат земјени ископи, но со текот на годините, упорноста и борбениот дух на основачот, стекнатото искуство, знаењата, квалитетното работење и грижата за нашите клиенти, придонесоа, преку континуиран раст н
а компанијата, нашиот обем на работење да се прошири на изградба на канализациони мрежи, водоводи, пробивање, тампонирање и асфалтирање патишта, производство на песок, тампон и готов бетон, индустриски објекти и објекти од јавно значење.
Наша основна цел е задоволството кај нашите клиенти. Континуираниот раст го остваруваме преку тим од висококвалификувани градежни работници, техничари, архитекти и градежни инжињери, синхронизирани и управувани за квалитетна и навремена изведба на проектите.
Водени од стремежот за унапредување на квалитетот во нашето работење, задоволството кај клиентите и зголемувањето на имиџот на компанијата, ги имплементиравме системите за управување со квалитетот и околината во Друштвото ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004.
Успешни градежници сме благодарејќи на опремата и механизацијата со која располагаме, континуирано ја надградуваме и модернизираме, прилагодувајќи се на новите потреби на пазарот.
Компететноста за изведба ја потврдуваат:
-Лиценца А - Изведувач на градби од Прва Категорија
-Лиценца Б - Изведувач на градби од Втора Категорија
Канцелариите на ЏОВИ КОМПАНИ се на ул.Никола Тесла бб, Струмица.