АД ИГМ Еленица - Струмица

АД ИГМ Еленица - Струмица За Нас

А.Д. „ЕЛЕНИЦА“ - Струмица е основано како керамидна фабрика „ЕЛЕНИЦА“ - Струмица со решение на Народниот одбор на општина Струмица бр. 127 од 02.03.1954 година, чија дејност била производство на фалцовани тули и керамиди и производство на тули и вар.

Од 03.12.1970 година претпријатието работи како Индустрија за градежни материјали и занаетски работи „ЕЛЕНИЦА“ - Струмица, со тоа што покрај поранеш

ните дејности обавува и занаетски работи и тоа: браварија, водовод со канализација, парно греење, електрика и лимарија со бел метал. При усогласувањето со Законот за здружен труд од 08.12.1978 година претпријатието се регистрира како Работна организација за производство на градежни материјали „ЕЛЕНИЦА“ - Струмица, без основни организации на здружен труд во својот состав, со следните дејности: производство на тули и керамиди, блокови за зидање од глина, шупливи блокови од глина за тавани и сводови (монта тавански кули, трговија на големо и мало со непрехрамбени производи - градежни, санитарни и инсталациони материјали).

Кон крајот на 1989 година се врши усогласување со Законот за претпријатија и на 14.12.1989 година претпријатието се регистрира како Претпријатие во општествена собственост Индустрија за градежни материјали „ЕЛЕНИЦА“ - Струмица, при што се врши проширување на дејноста со извоз на сопствено производство и превоз на стоки во друмскиот сообракај.

После започнувањето на сопственичката трансформација според Законот за општествен капитал на 06.08.1991 година претпријатието се регистрира како Друштво со ограничена одговорност Индустрија за градежни материјали „ЕЛЕНИЦА“ - П.О. - Струмица, при што дејноста на претпријатието е проширена и со трговија на мало и големо со прехрамбени и непрехрамбени производи. Под истото име и со истите дејности претпријатието работи и денес.

Соопштение до јавноста по објавените фотографии и видеа од Здружение на граѓани Здрава Котлина Струмица
05/12/2025

Соопштение до јавноста по објавените фотографии и видеа од Здружение на граѓани Здрава Котлина Струмица

Address

Улица Маршал Тито бр. 222
Strumitsa
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when АД ИГМ Еленица - Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to АД ИГМ Еленица - Струмица:

Share