12/09/2026
КОЧО АНЃУШЕВ: ГОРД СУМ НА УСПЕХОТ НА GREEN MACHINES ВО САД
По успешното претставување на Green Machines на PWX 2026 во Хјустон, сопственикот на БРАКО и Green Machines, проф. д-р Кочо Анѓушев, упати честитки до тимот во САД за постигнатите резултати и континуираниот раст на американскиот пазар.
„Како сопственик, горд сум на она што Green Machines го постигнува на американскиот пазар. Особено сум горд што машини дизајнирани и произведени во Македонија денес работат низ Соединетите Американски Држави, кои се еден од најголемите и најконкурентните пазари во светот.
Неодамнешните нарачки од клиенти како Disney Studios и Градот Сиетл се уште една потврда за довербата што ја градиме. Ова е резултат на работата на нашиот тим во САД и на партнерите кои ја препознаваат вредноста на нашиот бренд.“
Green Machines US, компанијата-ќерка на македонската Green Machines, со седиште во Калифорнија, континуирано го развива присуството на брендот на американскиот пазар.
Успехот на Green Machines во САД е успех на целиот тим – од развојот и производството во Македонија, до продажбата, сервисот и партнерската мрежа на американскиот пазар.
Честитки до целиот тим! Продолжуваме понатаму. 🇲🇰🌎